Од 1 јули електронско пријавување данок

Bez autora
Jun 04 2013

Тримесечните ДДВ обврзници имаат законска обврска од 1 јули наместо во хартиена форма, ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат по електронски пат до Управата за јавни приходи (УЈП). Според евиденцијата на Управата тримесечни ДДВ обврзници се 17.290 фирми, а 11.005 од нив веќе се регистрирале за електронско пријавување на даноците. Останатите 6.285 компании имаат обврска тоа да го сторат за неполн месец. Од УЈП апелираат даночните обврзници навреме да ги преземат неопходните чекори и да се приспособат на новините во даночното работење, бидејќи во спротивно нема да бидат во состојба да поднесат даночни пријави и да пријават данок, за што е предвидена глоба која достигнува до 3.500 евра во денарска противвредност.

Од 1 јули електронско пријавување данокТримесечните ДДВ обврзници имаат законска обврска од 1 јули наместо во хартиена форма, ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат по електронски пат до Управата за јавни приходи (УЈП).

Според евиденцијата на Управата тримесечни ДДВ обврзници се 17.290 фирми, а 11.005 од нив веќе се регистрирале за електронско пријавување на даноците. Останатите 6.285 компании имаат обврска тоа да го сторат за неполн месец.

Од УЈП апелираат даночните обврзници навреме да ги преземат неопходните чекори и да се приспособат на новините во даночното работење, бидејќи во спротивно нема да бидат во состојба да поднесат даночни пријави и да пријават данок, за што е предвидена глоба која достигнува до 3.500 евра во денарска противвредност.

За регистрација и користење на сервисот е-Даноци фирмите треба да поседуваат дигитален сертификат на УСБ токен, издаден од некоја од овластените куќи: Македонски Телеком или КИБС, интернет конекција и е-Пошта.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik